-->
-->
Раниери: Му благодарам на Лестер Сити
-->

Пранешниот менаџер на Лестер, Клаудио Раниери, вели дека со отказот кој го добил умрел и неговиот сон.
Италијанскиот тренер девет месеци по сензационалното освојување на титулата во Премиерлигата, во четвртокот, неочекувано доби отказ.
Лошите резултати во Премиерлигата, каде Лестер се наоѓа на само еден бод од опсната зона, но и бунтот на најголемите ѕвезди, Каспер Шмајхел и Џејми Варди, се причините поради кои тренерот на годината според ФИФА доби отказ.
На Раниери не му помогна ниту успехот кој го постигна во Лигата на шампионите, Лестер како прв во групата мина во осминафиналето и има реални шанси да се пласира меѓу најдобрите осум, бидејќи првиот меч во Севилја го загуби со 2:1.
„Вчера умре мојот сон. По еуфоријата од минатата сезона, кога ја освоивме титулата во Премиерлигата, сонував само да останам во Лестер, клуб кој неизмерно го сакам, засекогаш. За жал тоа нема да се случи.
Би сакал да и се заблагодарам на мојата жена Росана и на сите членови на моето семејство, чија поддршка секогаш ја имав додека бев на клупата на Лестер. Благодарност и до моите помошници, Паоло и Андреа, кои ме пратеа на ова волшебно патување. Исто така им благодарам на Стив Кутнер и Франк Гранел кои ми овозможија да станам шампион.
Сепак најголема благодарност упатувам до Лестер Сити. Авантурата која ја преживеавме беше неверојатна и засекогаш ќе живее со мене. Им благодарам и на сите новинари, на медиумите ширум светот, кои не следеа на нашиот пат и со задоволство ја пренесуваа најголемата фудбалска приказна во историјата.
Од се срце уште еднаш ќе им се заблагодарам на сите во клубот, на играчите, персоналот и насите кои беа дел од она што постигнавме.
Посебна благодарност и за наваивачите. Ми примивте во своите срца од првиот ден и ме засакавте. Ве сакам и јас вас. Никој никогаш нема да може да ни го одземе она што заедно го постигнавме и се надевам дека секој ден со насмевка се сеќавате на тоа, како што јас тоа го правам.
Беше тоа време исполнето со преубави моменти и среќа кои никогаш нема да ги заборавам. Ми беше чест и задоволство заедно со вас да бидам шампион“.
Клаудио Раниери
Инаку Лестер суште нема одлучено кој ќе наследи Раниери на менаџерската позиција, се шпекулира со неколку имиња како Роберто Манчини, Алан Пардју, Мартин О’Нил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
