Ранички во устата: Со овој напиток афтите ќе изчезнат за неколку часа

Раничките на слузокожата на устата се чест и премногу непријатен проблем.
Најчесто настануваат во внатрешните страни на устата и образите но нечесто и на јазикот. Иако се ситни раничките (пликовите) се доста болни и досадни.
Настануваат од различни причини, најчесто е во прашање намалување на имунитетот и изразена авитаминоза. Исто така настануваат од јаки стресови, рани облици на неурози и нехигиена на усната шуплина.
За нивното отстранување заговорниците на алтернативната медицина препорачуваат разни препарати. Меѓу еден од најпознатите е прополисот со истовремено пиење на чај од брусница.
Но според повеќето најдобар лек против афтите е редовното испирање на устата со раствор од жалфија. Растворот се припрема на тој начин што се ставаат 3 кесички чај од жалфија во 1дл. топла вода и се остава 15 минути да се направи растворот. Откако ќе се олади тој е спремен за употреба.
Афтите ќе ги снема за неколку часа.
Ново на Сител
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
-

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец
-

Почина Кирил Поп Христов – Кили
-

Сончево и топло, наутро - 4 степени, преку ден до 21
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
