Ранет полицаец во акцијата на специјалците во северно Косово

Припадник на косовската полиција е ранет во акцијата на специјалните полициски единици Росу во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јавија косовските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Официјална потврда на оваа информација за сега се уште нема.
Косовската полиција соопшти дека утрово, во соработка со полцискиот инспекторат, спроведува операција во Северна Митровица, која резултира со приведување на неколку полициски службеници и граѓани.
Според соопштението, на денешната операција ѝ претходела неколкумесечна истрага од страна на Инспекторат на полицијата и Специјалното обвинителство, од која произлегло „основано сомневање за ‘учество или организирање на криминална група’ од страна на некои полициски службеници и граѓани, во врска со кривични дела како ’шверц на стоки’, ’злоупотреба на службена положба’,’давање поткуп’, ’недозволена трговија’ и други.
Полицијата, како што јави дописникот на МИА од Приштина, тврди дека наишла на вооружен отпор во северот на Митровица, меѓутоа операцијата продолжува, „вклучувајќи апсења и претреси во неколку локации, што резултира со конфискација на релевантни докази, вклучително долго оружје“.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
