Фудбал
5. May 2016 - 9:55

Рамос: Елиминиравме голем тим, жал ми е за Агуеро кој изгледаше изгубено

Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос одигра одлични два натпревара против Манчестер Сити и беше еден од најзаслужните што противникот не успеа да постигне гол. Тој по синоќешниот меч изјави дека исфрлија голем тим.

- Имавме тешка сезона и сега може да уживаме во обезбеденото финале, а задоволството е поголемо затоа што исфрливме голем тим. Го заслуживме ова со нашиот труд и залагање. Голем удел во успехот имаат и навивачите кои не понесоа до победата, истакна Рамос и се осврна на играта на еден од најдобрите во нападот на Сити, Кун Агуеро.

- Жал ми е за Агуеро. Не доби ниту еден дуел 1 на 1, изгледаше изгубено и фрустрирано, на голот упати само еден удар пред крајот на натпреварот кој од нападот практично го заврши во средниот ред, додаде Рамос.

Реал во Мадрид победи со 1:0 доволно за финале по нерешените 0:0 во Англија.

Финалниот меч ќе се игра на 28 мај во Милано, а во него „кралскиот клуб“ за противник ќе го има градскиот ривал Атлетико Мадрид.