Рамазан: Оваа година најкратко ќе се пости во Јужна Америка
Месецот Рамазан, во кој муслиманите во светот постат, воздржувајќи се од храна и пијалоци, оваа година почнува в сабота на 27 мај.
Воздржувањето од храна и пијалаци почнува во утринските часови на молитва во зори, пред изгрејсонце, а завршува со залез на Сонцето, потсетува сараевски Кликс.
Последните неколку години Рамазан во Европа е во летните месеци, што значи и долги денови на северната хемисфера кои со себе носат големи жештини и спарини. Наспроти тоа, Рамазан на јужната хемисфера паѓа во најкратките, зимски денови.
Според документ на Ријасетот на Исламската заедница на БиХ најдолгите денови на постот оваа година ќе бидат 24, 25 и 26 ден на Рамазан, т.е. 19, 20 и 21 јуни кога постот ќе трае 18 часа и 14 минути.
На глобално ниво, најкратко ќе постат муслиманите во Јужна Америка, каде постот ќе трае околу 10 часа. Најдолг е постот на Гренланд, а трае околу 21 час.
Муслиманите во Европа ќе постат од 14 до 20 часа, во Африка од 11 до 14 часа, а во Австралија околу 11 часа.
Ново на Сител
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија