Рама се приклучи кон повикот на САД: Косово и Србија да се однесуваат одговорно
Премиерот на Албанија Еди Рама реагираше по повикот на Соединетите Американски Држави до Србија да ги повлече војниците на границата со Косово и да спроведе итна деескалација на границата.
„Ги повикувам раководството на Косово и Србија да се однесуваат со одговорност и разумност“, апелира Рама на Фејсбук и порачува дека „Албанија е посветена на безбедноста и стабилноста на Косово“.
Во една од претходните објави на социјалните мрежи Рама навде дека „КФОР е НАТО и не е окупаторска сила во име на Србија, ниту сила за поделба на територијата на Република Косово, туку напротив, многу голема гаранција во секој случај на закана“, нагласувајќи дека реакциите на неговата изјава дека КФОР мора да ја преземе контролата врз северот се болни и смешни.
Рама додаде дека Владата на Албанија комуницирала со највисоките нивоа на Евроатлантската алијанса за да ја гарантира безбедноста на северот на Косово.
Актуелната состојба во северниот дел на Косово, била тема на разговор и на средбата што вршителот на работи во амбасадата на САД, Дејвид Визнер, ја остварил со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.
Амбасадата преку објава на социјалните мрежи информираше дека искажале заеднички став дека „нападот на 24 септември е неприфатлив и дека лицата инволвирани во истиот треба да бидат изведени пред лицето на правдата“.
Визнер, исто така, ја пренел благодарноста на САД за гостопримството на Албанија во приемот на авганистанските граѓани кои чекаат трансфер, а му се заблагодарил на Хасани и за цврстата поддршка на Албанија за Украина во Советот за безбедност на ОН.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило