Рама: Односите на Балканот подобри од кога било претходно

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека односите на Балканот се подобри од кога било претходно, односно дека земјите од регионот треба да сторат се да тргнат напред.
Рама за подгоричка „Побједа“ изјави дека Албанија и Црна Гора немаат меѓусебни проблеми и отворени прашања.
-Односите меѓу Албанија и Црна Гора се толку блиски што понекогаш изгледаат толку нетипично, речиси неможно меѓу земјите од Балканот. Но, така е. Треба да сториме се што е во наша моќ како држави да се движиме напред, во правец на Европската Унија, рече премиерот Рама за подгоричка „Побједа“ по Самитот на Западен Балкан во Париз.
Коментирајќи ја улогата на Црна Гора на Западен Балкан, премиерот Рама оцени дека во оваа држава „се е во добра состојба“.
Рама рече дека на Самитот во Париз е предложен „храбар акциски план за трговија и транспорт, што ги опфаќа сите земји“.
-Ние се уште сме верни кон Европа. Одделни лидери во Европа имаат проблеми со евроскептицизмот. Нашиот проблем е еврооптимизмот. Каде се еврооптимистите, зошто ги нема веќе на јавната сцена, се запраша Рама.
Зборувајќи за Брегзитот, Рама кажа дека тоа бил шок не само за ЕУ, туку и за Велика Британија, бидејќи сега сфаќаат во каква катастрофа одат.
-Верувам дека шокот од Брегзит е шанса Европската Унија да спознае дека, таква каква што е денеска, не е доволна, дека е потребно ’повеќе Европа’ која ќе биде поблиска до граѓаните, нагласи Рама.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
