Рама не се предава: Никој нема да го спречи народот да гласа на 18 јуни

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека оние кои не сакаат избори на 18 јуни се плашат од правдата.
Тој се уште со цврст став дека „никој нека не помислува дека ќе го запре народот да гласа на 18 јуни“.
- Албанија, која ја посакуваме, е многу подобра од Албанија што ја имаме и знаеме дека треба да сториме многу повеќе. Ова е една битка која Албанија не може да ја загуби поворно, како што тоа било порано. Тоа е една разделба од старата политика. 18 јуни ќе донесе јасна одлука: Или со Европа или со страв од Европа, или со влада која ќе војува секој ден или со влада која не враќа назад во минатото,посочува Рама.
Тој повторно ги обвини демократите дека со протестите во шаторите всушност се против реформите во правосудството.
Според него без правосудните реформи нема интеграција во ЕУ.
- Стравот од правата ги заживува деструктивните кругови во ДП. Стравот од правдата го претвори датумот 18 јуни, ден кој корумпираните политичари во шаторите не го посакуваат. Тие се подготвени да се обединат со противниците на ЕУ, бидејќи посакуваат Албанија да биде место без казнувања, обвини Рама.
Експресно му возврати лидерот на демократите Љуљзим Баша, велејќи дека Рама прави монолог, кога вели дека барањето слободни избори е антипатриотско.
- Јас му велам нему дека има потреба од лекови. Има потреба од многу, многу лекови кои Новата Република ќе му ги обезбеди бесплатно, порача Баша.
Тој потоа иронизираше велејќи дека можеби и бесплатните лекови нема да му бидат доволни на премиерот.
Инаку, Демократската партија одбива да учествува на изборите, оценувајќи дека тие нема да бидат фер и оти се само фасада.
Ново на Сител
-

Американската војска потврди дека и ги предаде главните бази во Сирија на владата во Дамаск
-

Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор
-

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
