Рама ја пофали македонската опозиција, а ја обвини албанската за разлничните ставови на земјите во ЕУ
Во врска со барањето на Холандија, Албанија да се оценува одделно од Северна Македонија, кога станува збор за отворањето преговори со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама, рече дека „процесот на интеграција на Албанија и Северна Македонија се третира како прашање на домашната политика на Холандија“.
Според него, оној што треба да разбере, разбрал, дека сите говори вчера во Холандскиот парламент „биле упатени до електоратот во оваа земја, а не до Албанија“.
Во обраќањето на пленарната седница на Парламентот во Тирана, тој ја обвини албанската опозиција дека со своето однесување, откажувањето од пратеничките мандати, бојкотот на локалните избори и искажанте ставови низ западните канцелари ги дефинирала разликите што постојат денес во земјите на Европската унија, во однос на нивниот пристап кон преговорите со Албанија и Северна Македонија.
-Постои голема разлика меѓу опозицијата во нашата соседна земја и опозицискиот пристап овде, чие однесување во добар дел ја определи и разликата во ставовите на земјите членки на ЕУ. Зборувам за опозицијата, која не е во Собранието и која го напушти, се откажа од пратеничките мандати, ги бојкотираше изборите со цел да го поткопа отворањето на преговорите. Северна Македонија не е без конфликти, но тие се целосно поразлични од оние во Албанија. Опозицијата во Северна Македонија, ниту вчера а ниту денес, не оди по канцелариите низ Европа да прави погрешна работа за својата земја, рече меѓу другото Рама.
Во неговиот говор пред да отпатува за Нови Сад каде ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, посочил дека „ги обезбедил потписите на Заев и Вучиќ за формирање балкански Шенген“.
Ново на Сител
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори