Рама го смета за смешен чин писмото на Мета до Трамп
Коментрајќи го за првпат писмото што претседателот Илир Мета го упати до неговиот амеркански колега,Доналд Трамп, по изгласувањето на Резолуцијата во ОН против одлуката Ерусалим да биде главен град на Израел, албанскиот премиер Еди Рама, истото го оцени за смешен чин.
-Писмото е идентно како фрлање чевли,но во овој случај со хартија.Тоа е еден смешен чин. За неверување е,не верувам дека тоа го направил Илир Мета.Воопшто не се плашам од реакцијата на Вашингтон,бидеќи јас многу го почитувам и Трамп и САД, изјави Рама гостувајќи во емисија на телевизија Топ чанел.
Она со фрлање на чевли се однесува на сопругата на Мета,Моника Круемади,пратеничка и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција, која го гаѓаше Рама со чизми на седница на парламентот на која се избираше привремен државен јавен обвинител.
Инаку, Мета во писмото до Трамп, во врска со гласањето на Албанија во ОН го искажува сопственото жалење.
- Гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Република Албанија ниту со Парламентот на Албанија и не го отсликува ставот и желбата на албанскиот народ,кој никогаш не заборава и нема никогаш да ја заборави подршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење,-напиша Мета.
Посоува дека лично ќе побара објаснувања за овој став и одлука на Владата,што,според него, била во спротивност со прјателските и стратешки односи и интереси на нашите на двата народа.
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот