Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека платформата ТикТок ќе биде затворена деновиве, додавајќи дека „причина за тоа е што ТикТок е токсичен за децата“ и оти, според него, 95 отсто од родителите во Албанија се преплашени од платформата.
– За неколку дена оваа платформа повеќе нема да биде достапна во Албанија, ТикТок е многу токсичен, особено за децата, а 95 отсто од родителите во Албанија се преплашени. Суспензијата сè уште не е завршена, проценуваме дека ќе се направи во рок од неколку дена. Ние, исто така, се вклучуваме во конструктивен дијалог со нив, наведе Рама.
Тој посочи дека „ќе биде затворен и повторно отворен за период додека ТикТок ги исполни сите наши барања“.
Блокирање на платформата ТикТок, Рама ја најави на средба со родители и наставниците на 21 декември минатата година, за новиот план за мерки за безбедност во училиштата, по убиството со нож на 14-годишен ученик во Тирана од негов соученик.
– Ги направивме сите наши истражувања од технолошката страна и ќе ни требаат шест до осум недели почнувајќи од почетокот на следната година и за една година целосно ќе го затвориме за сите. Во Република Албанија повеќе нема да има ТикТок. Потоа во текот на оваа година ќе видиме какви мерки ќе преземат другите земји или како може да реагира самиот ТикТок. Тоа е наша должност, рече тогаш Рама.
Веднаш по најавата реагираше лидерот на опозициската Демократска партија и поранешен албански премиер, Сали Бериша, кој одлуката на Владата ја нарече „екстремен чин на цензура“.
Рама одлучи да ја забрани платформата ТикТок само затоа што паѓа неговиот рејтинг на социјалните мрежи, како што покажуваат сите анкети. Тоа го прави поради изборите, што го потврдува со најавата дека забраната ќе биде една година, напиша Бериша на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
