Раководител побарал 13.000 евра мито за дозвола за проект за градење на апартмани

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Е.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од Кривичниот законик.
Пријавениот, раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати.
На 19.03.2025 во угостителски објект во Скопје, тој бил фатен при исплата на парите од првата рата, откако биле претходно криминалистичко - технички обработени.
Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
