-->
-->
Ракометарките победија на гостувањето кај Фарски острови
-->
Женска ракометна репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за ЕП 2018, откако во третото коло од групата 3 славеше во Торшавн над Фарски Острови со 22-15 (7-7).
Избраничките на селекторот Симе Симовски имаа проблеми во реализацијата на почетокот на дуелот, а домашната селекција тоа го искористи и во поведе во еден момент со највисоки три голови разлика (7-4). Сепак, цврстата игра во одбраната на Македонија не дозволи селекцијата на Фарски Острови посериозно да се одлепи, па до крајот на првото полувреме нашите ракометарки стигнаа до нерешени 7-7.
Рано во второто полувреме Македонија го презеде водството кое постојано до крајот на натпреварот го зголемуваше за конечен и заслужен триумф од 22-15.
Сара Ристовска со 8 голови беше најдобар стрелец во нашиот состав, Мирјета Бајрамоска и Теодора Керамичиева додадоа по 4 гола, Ивана Гакидова постигна 3, а во листата на стрелци се запишаа и Јована Саздовска со 2 гола и Елена Георгиевска која реализираше 1 погодок. Добар настап на голот на нашата репрезентација, пред се во второто полувреме, имаше Матеја Серафимова.
На вториот дуел од нашата група Србија дома ја победи Шведска со 30-23.
Србија е прва со 6 бодови, пред Шведска со 4, Македонија има 2, Ф.острови се без бод.
Вториот натпревар со Фарски Острови се игра во недела во СРЦ „Кале“ во Скопје. Почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот, а влезот во салата ќе биде отворен за посетители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница