-->
-->
Ракометарките на Металург се пласираа во финалето на Куп на Македонија
-->

Ракометарките на Металург се првите кои обезбедија пласман во финалето на Куп на Македонија.
Во првиот полуфинален натпревар од завршниот турнир на Купот на Македонија во женска конкуренција чии средби се играат во салата „Автокоманда“ во Скопје, екипата на Металург со 23:19 полувреме 13:7 го совладаа градскиот ривал Вардар Јуниор.
Тие во недела од 17 часот ќе играат со победникот од вториот полуфинален меч во кој актуелниот шампион и апсолутен фаворит за трофејот ЖРК Вардар за противник ќе ја има екипата на Куманово.
Во Охрид попладнево се играат полуфиналните натпревари во машка конкуренција, во кои за место во финалето кое ќе се игра утре ќе се борат, Металург – Вардар Јуниор и Охрид – Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
