Ракомет
25. October 2016 - 14:23

Ракометарите на 30.октомври почнуваат со подготовки

Селекторот на Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за ЕП Хрватска 2018.
 
Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во хотелот Парк СПА во Скопје на 30 октомври 2016 (недела) со почеток од 16:30 часот. Червар за првиот собир повика 21 ракометар.
 
 
Првиот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 нашата репрезентација ќе го одигра на 2 ноември во Скопје против Украина, додека на 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд