Рајнхард Прибе одржа предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид
Германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, денеска одржа предавање пред учесниците на еднонеделната Школа на природно право што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија се одржува во Охрид.
Тој пред дваесет и петте магистранти и петте докторанти на правни и политички студии што се дел од школата одржа предавање на тема „Демократијата, владеењето на правото и човековите слободи – Важноста на демократските вредности за државите кандидатки за членство во ЕУ“.
- Задоволство ми е што сум тука во Охрид, да учествувам на Школата за природно право и можноста да им пренесам на младите правници за европските интеграциски процеси и европските вредности што се предуслов за зачленување. Очекувам отворена дискусија со нив, се надевам дека ќе успеам на научна основа да им пренесам што значат европските интеграции, рече тој притоа одбивајќи да даде какви било изјави во врска со политичката состојба во земјата.
Покрај оваа Школа за природно право МАНУ во текот на септември МАНУ ќе организира уште една школа за магистранти и докторанти на правните студии посветена на говорот на омраза, криминалот на омраза и други нови форми криминал.
Се очекува Прибе од Охрид во наредните денови да дојде во Скопје на средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување. Мерките од Акцискиот план за отстранување на пречките за интеграција на Македонија во ЕУ ќе бидат презентирани и пред еврокомесарот Јоханес Хан кој во понеделник доаѓа во Македонија.
Ново на Сител
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево