-->
-->
Рајко Дујмиќ уапсен поради семејно насилство
-->
Хрватскиот кантавтор и член на групата „Нови Фосили“, 62-годишниот Рајко Дујмиќ во понеделникот вечерта бил уапсен под обвинение за семејно насилство, јави порталот Индекс.
Дујмиќ наводно ја претепал и полесно ја повредил неговата 51-годшна сопруга Снежана, а нападот се случил во нивниот стан во загребската населба Максимир.
Тој е уапсен во понеделникот околу 18 часот и е одведен во притвор, по што е обвинет за нанесување на полесни телесни повреди.
Пријавата е предадена до надлежното Државно обвинителство, информираа од загребска полиција.
Ако се докаже дека е виновен, на Дујмиќ може да заработи до три години затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови