Рајанер откажа повеќе летови, ги скрати плановите за раст

Авиокомпанијата Рајанер продолжи со откажување летови за стотици илјади патници и ги намали проекциите за раст за првпат во изминатите години, како дел од потезите за минимизирање на влијанието поради недостиг од пилоти.
Шефот на Рајанер Мајкл О’Лери изјави минатата недела дека нема да има откажување дополнителни летови поради проблеми со малиот број пилоти. Тоа предизвика откажување на околу 2.000 летови во септември и октомври со што и беше зададен удар на репутацијата на компанијата.
Сепак, денеска компанијата соопшти дека откажува летови за околу 400 илјади патници иако претходно веќе откажа летови на околу 300 илјади патници. Од компанијата соопштија дека, тоа ќе овозможи минимизирање на доцнењето на летовите и ќе значи „подобрен распоред за пилотите за зачувување на распоредот на летови“.
Одлуката за 25 помалку авиони од ноември и 10 помалку од април 2018 година, ќе овозможи „стабилност на распоредот на летови на пилотите“. Минатата недела акциите на Рајанер беа намалени за четири отсто.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
