Рајан Гослинг како Нил Армстронг
Филмот заснован на животот на познатиот американски астронаут Нил Армстронг се споменува во Холивуд од 2003 година, кога како можен режисер се споменуваше Клинт Иствуд. Според сајтот „Дедлајн“, проектот неодамна повторно е актуелизиран со предлог улогата на првиот човек кој чекорел на Месечината да се довери на Рајан Гослинг, а режија на Демијен Шазел (Whiplash).
Филмот кој ќе се базира на книгата на Џејмс Хенсен „Првиот човек: Животот на Нил Армстрог“ би требало да биде подготвен за 50-годишнината од слетувањето на Месечината.
Остварувањето на Шазел стигнува во време кога вселенската тематика бележи голема популарност во светот во филмовите како што се „Марсовец“, „Гравитација“ и „Интерстелар“.
Холивуд има во план да сними многу нови остварувања на тема вселена: „Passengers“ каде Џенифер Лоренс и Крис Прат ќе се разбудат по 100 години пред времето од криогенскиот сон, „High Life“ со Роберт Патинсон за криминалците кои се согласуваат да бидат заморчиња на меѓуѕвездениот експеримент и „Луна парк“ со Том Круз за групата бегалци научници кои се обидуваат да направат база на Месечината.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска