-->
-->
Рахој: Нема да има независност на Каталонија
-->
Каталонија нема да се отцепи од Шпанија, изјави денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој, пред изборите што во септември ќе бидат одржани во североисточниот регион, а кои каталонските лидери го гледаат како показател за расположението на граѓаните кон независноста.
- Нема да има независност на Каталонија, рече Рахој на прес-конференцијата со полската премиерка Ева Копач.
Владата во Мадрид остро во минатото се протвеше на обидите на каталонските лидери да одржат референдум за независност.
Иако сепаратистичкото движење покажува знаци на слабеење во изминатите месеци, според анкетите на јавното мислење, некои од партиите во Каталонија, кои се залагаат за сецесија, се подготвуваат за избори, кои на таа идеја би можеле да и дадат нов поттик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце