Рахој: На изборите во Каталонија нема да победат приврзаниците на независноста
Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изрази надеж дека на вонредните избори во Каталонија нема да победат приврзаниците на независност на автономната област.
Во интервју за радио „Копе“, Рахој ги повика сите каталонски гласачи да ја изразат својата волја и рече дека секој што ќе победи мора да го почитува законот.
- Ние ќе работиме со цел силите, кои ја поддржуваат независноста на Каталонија да не победат, истакна тој.
Коментирајќи го спроведувањето на членот 155 од шпанскиот Устав, со кој се ограничува самоуправата на Каталонија, Рахој рече дека тоа е вонредна мерка која служи за воспоставување на законитоста и за заштита на сите жители на областа.
- Ако по изборите на 21 декември Каталонија се врати кон „нормален живот“, порастот на шпанската економија ќе изнесува 2,8 до три проценти, истакна Рахој.
Поради политичката нестабилност во Каталонија, Мадрид минатиот месец ги намали официјалните прогнози за економски раст за следната година од 2,6 на 2,3 отсто.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи