Радев: За Бугарија, НАТО останува исклучително важна организација

За Бугарија НАТО останува исклучително важна организација за заштита на безбедноста на државите членки и гаранција за стабилност надвор од границите на Алијансата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, откако двајцата разговаа во седиштето на Алијансата во Брисел.
- Самиот факт што јас во улога на бугарски претседател во својата прва посета во странство го посетувам седиштето на НАТО, го покажува значењето на НАТО за Бугарија како организација на заеднички вредноси и заеднички одговорности за колективна безбедност и одбрана, посочи Радев, јави БТА.
- Ги поддржуваме напорите на НАТО за одбрана и сметаме дека Бугарија е дел од од тие напори, изјави бугарскиот претседател.
- Понатаму ќе правиме се што е потребно за да го гарантираме вкупниот придонес за колективната одбрана и безбедност. Во последните три години НАТО претрпе сериозна адаптација, Бугарија е дел од неа и тој процес ќе продолжи, бидејќи така налага меѓународната ситуација во моментов, истакна Радев.
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
