Радев повика на продолжување на поддршката за забрзување европската интеграција на Западен Балкан
За време на приемот во резиденцијата во Бојана, по повод 142-годишнината од формирањето на дипломатската служба, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека живееме во време на динамични промени во политичкиот, социјалниот и културниот живот во нашите општества.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев кажа дека тоа ги менува и предизвиците со кои се соочува бугарската дипломатија, која е повикана да го брани националниот интерес и да ги реализира главните цели на надворешната политика. Претседателот Радев ја истакна одбраната на интересите на бугарските заедници во странство како примарна задача на бугарските дипломати. Тој, исто така, повика на континуирана поддршка за забрзана европска интеграција на соседните земји во Западен Балкан, но со строго почитување на критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ.
Како достигнувања на бугарската дипломатска служба Радев го истакна развојот на голем број европски политики, напорите за спроведување на приоритетите на Европската унија за дигитална и зелена трансформација на општествата.
Домаќин на приемот беше привремениот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, а гости беа потпретседателката Илијана Јотова, привремениот премиер Стефан Јанев, министри од владата, бугарски амбасадори во странство, поранешни министри за надворешни работи и премиери на Бугарија, како и амбасадори акредитирани во Софија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
