Радев и го врачи првиот мандат на Марија Габриел од ГЕРБ-СДС за состав на новата бугарска Влада
Бугарскиот претседател Румен Радев и го додели првиот проучувачки мандат за формирање влада на кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, јави агенцијата БТА.
„Треба да сфатите дека на овој пат Ве очекуваат многу пречки, но јас ќе ве чекам следниот понеделник со составот на Министерскиот совет. Денеска и утре, гледам, се одлучувачки денови за Вас“, кажал Радев пред Габриел и притоа и посакал успех.
Според Уставот, Габриел има рок од седум дена да го предложи составот на новиот Совет на министри. Доколку не успее, претседателот потоа мандатот му го доделува на кандидат за премиер именуван од втората по големина пратеничка група („Промените продолжуват – Демократска Бугарија“).
„Планирам да предложам да продолжат разговорите за формирање на едногодишна експертска влада врз основа на приоритетите“, изјави вчера Габриел.
Кандидатката на ГЕРБ-СДС претходно денеска имаше средби со претставници на „БСП за Бугарија“, ДПС и „Има таков народ“.
БТА јавува дека БСП не дала конечен одговор дали ќе поддржат кабинет со мандат на ГЕРБ и посочиле дека ќе побараат став од членовите на партијата. Од ДПС изјавиле дека профилот на кабинетот треба да изгледа европски и имаат експерти во речиси сите области. ИТН, пак, посочиле дека тие нема да поддржат нов буџет за непромислено трошење што ќе биде на товар на Бугарите и затоа нема да поддржат ниту ваков тип влада.
Ново на Сител
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
