Работните групи во Софија ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите
Работните групи меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска во рамки на заедничката меѓувладина седница во Софија одржаа одделни состаноци.
Од прес-службата на македонската Влада информираат дека работната група што ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договорила динамиката на работа и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области.

Втората работна група, во чиј фокус се транспортот, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, ги поставила определбите за работите на Коридорот 8 и поврзувањето со другите патни правци долж границата на двете земји. Како приоритет на оваа работа група е поставено воспоставувањето на авионската линија Софија-Скопје и заложбата за поскоро намалување на цената на роамингот меѓу двете држави.
За европските интеграции, зелените политики и доброто владеење во третата работна група поставени се основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Северна Македонија, како и за заедничките иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ.
Четвртата работна група, која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот, за задача го поставила преземањето на чекори од двете страни за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области.

Состанок денеска одржале и копретседавачите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на кој е утврден календарот и динамиката на средбите во 2022 година.
Работните групи беа утврдени за време на официјалната посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје на 18 јануари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
