Кошарка
27. January 2018 - 22:14

Работнички ја продолжува победничката низа

 
 
Кошаркарите на Работнички ја продолжуваат победничката низа во домашното македонско првенство. 
 
Тимот од „Градски пар“, вечерва пред својата публика, го победи Кожув со 76-64 во натпревар од 14.коло на Првата лига. 
 
Гостите од Гевгелија беја рамноправен противник во првото полувреме кое заврши со резулатат 36-36. Сепак, во третиот период Работнички ја направи клучната предност, откако ја доби четвртината со 27-12. Тоа се покажа како решавачки за конечниот резултат на мечот. 
 
За Работнички ова беше 14-тата победа во исто толку одиграни средби со која се врати на вврвот на табела. 
 
На другите две средби одиграни вечерва, Гостѕивар го совлада Пелистер со 98-62, а АВ Охрид беше подобар од Фени Индустри со 79-63. 
 
Претходно попладнево, Блокотехна ја најави доминацијата на домашните тимови со победата над Шкупи со 103-88.