Работна средба во МТСП по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Барањата за подобрување и заштита на правата и интересите на овие наши сограѓани од областа на детската и социјална заштита, работните односи и пензискиот систем, како и за претстојните реформи во делот на обезбедување услуги и поддршка на овие лица во нивното место на живеење биле тема на денешниот состанок што по повод 21 Март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, се одржа во Министерството за труд и социјална политика.
На состанокот присуствуваа претставници на граѓанските организации „Трисомија 21“, „Центар за Даунов синдром’“, како родители и лица со Даунов синдром.
- Министерката Царовска ги извести присутните дека Владата на последната седница го усвои Проектот за воведување на професионална рехабилитација и планот за отворање два центри за оваа намена во Скопје и во Струмица, како и за активностите кои што се преземаат во насока на деинституционализација, соопшти МТСП.
Во однос на Дневниот центар за деца со Даунов синдром во Скопје, чија изградба и опремување е во завршна фаза, договорена е динамика за изработка на програмата за работа на овој центар според потребите и барањата на корисниците.
Ново на Сител
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката