Работна средба на организации на лица со хендикеп

Движењето против хендикеп „Полио плус“ денеска организира работна средба и дебата со претставници на организации на лица со хендикеп и со членовите на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ).
Тема на работната средба е „Кон новите предизвици, се што би сакале да знаеме што ги очекува лицата со хендикеп во новата 2016, а не сме имале можност да прашаме“.
Како што најави „Полио плус“, на состанокот ќе се дискутира за преземените чекори од државата, како и за новите мерки и акции кои се планираат чија цел е ефективна и ефикасна имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп.
- Ќе бидат разгледани и целите на делување во насока на надминување на предизвиците и создавање поефикасна соработка со цел подигнување на јавната свест за феноменот хендикеп и создавање еднакви можности за лицата со хендикеп во Република Македонија, информира организаторот.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
