Работна сабота за администрацијата со акција за чистење

За вработените во државната администрација, со исклучок на тие од здравствените и образовните институции, претстојната сабота (14 декември) ќе биде работен ден и ќе се спроведе акција за чистење.
Како што одлучи Владата, на 14 декември ќе се одработува 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.
Владината одлука, според препораката, треба да спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од општините, за кои 2 јануари беше неработен ден.
-Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите, информира МИОА.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
