Работна посета на Комисијата за надзор на работата на УБК и АР
Собраниската Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска оствари работна посета на АР.
Од страна на АР беа презентирани актуелните активности кои согласно законските надлежности ги превзема Агенцијата во насока на спречување на заканите и ризиците по националната безбедност на Република Македонија.
Најактуелни точки за кои биле брифирани на членовите на Комисијата биле: активности од делокругот на надлежност на Агенцијата за справување со кризната состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија, активности во насока на следење, превенција и рано предупредување за закани од насилен екстремизам со цел загрозување на безбедноста на Република Македонија и регионална дестабилизација, како и активности во рамки на глобалната антитерористичка коалиција за спречување на верски радикализам и заканите од странски терористички борци, согласно резолуциите на Советот за Безбедност на ООН и активности за следење на процеси во насока на загрозување на трајните и витални национални интереси на Република Македонија.
На средбата членовите на Комисијата биле запознати и со меѓуинституционална и меѓународна соработка на Агенцијата на планот на превенција од глобалните безбедносни закани и со тековни предизвици со кои Агенцијата се соочува согласно динамиката и современите модалитети на безбедносните закани. Уште еднаш била повторена заложбата на Агенцијата за целосна соработка, комуникација, доверливост и транспарентност со собраниската комисија со цел остварување на надзорната функција на Комисијата согласно закон. На средбата била искажана и подготвеност на Агенцијата во секое време да организира посебни тематски средби на кои би се презентирале заканите и ризиците по националната безбедност на Република Македонија.
- Сите членови на Комисијата за надзор за жал без членовите од ДПА, можеа да бидат уверени дека некои теми во државата се многу поважни од дневната политика, а тоа се темите на безбедноста која ги засега сите граѓани на Република Македонија и Република Македонија не е изолиран остров по однос на безбедносните ризици кои се случуваат на регионално и на глобално ниво, изјави потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски по посетата.
Хари Локвенец, претседател на Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР, изјави дека оваа средба е остварена на покана на директорот на Агенцијата за разузнавање, со цел информирање на членовите на парламентарната Комисија за безбедносните закани и ризици со коишто се соочува Република Македонија.
- Со оглед на чувствителноста на темата, секако дека не би соопштувал детали, но можам да кажам дека од моја страна и од страна на моите колеги беа отворени прашања што во изминатиов период предизвикуваат сериозна загриженост кај граѓаните, токму од аспект на безбедноста, изјави Локвенец.
Тој додаде оти од страна на службите на Агенцијата за разузнавање биле информирани тие редовно и навремено ги спроведуваат до надлежните сите информации со кои располагаат.
- Само да биде јасно, целта на посетата беше одговор на покана на тема „безбедносни ризици“, не беше да се изврши надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка, следење на комуникациите. Тоа е во надлежност на другата собраниска комисија, потенцира Локвенец.
Ново на Сител
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот