Свет
10. November 2016 - 8:33

Работилница за усогласување со целите за одржлив развој на ОН

„Првата консултативна работилница за усогласување со Целите за одржлив развој на Обединетите нации“ денеска ќе биде отворена во Скопје, како прв чекор во усогласувањето на националните стратегии и политики со „Целите за одржлив развој на Обединетите нации“.

Работилницата ќе ја отворат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Македонија Луиза Винтон.

Организатори се Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Работилницата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, е прв чекор во усогласувањето на националните стратегии и политики со „Целите за одржлив развој на Обединетите нации“.