Работилница за уметничко цртање на Љупчо Бојаров на Саемот за деца

Креативна работилница за уметничко цртање ќе биде организирана по прв пат на 7. Саем за деца што ќе се одржи утре и претстојниот викенд во Скопје Сити мол.
Уметникот и сопственик на училиштето за уметничко цртање „Ателје Бојар“, Љупчо Бојаров, кој ќе ја води работилница изјави дека обуката е бесплатна и наменета за деца од 5 до 12-годишна возраст. За да се биде дел од неа потребна е, вели, само желба за совладување на тајните на уметничкото цртање.
- Целта на работилницата е децата да се запознаат со три различни техники и тоа сликање на керамичка подлога (на чинија), сликање на природен камен и сликање со витраж бои на стакло. Очекувам да се оформат три групи од по 12-тина деца, а во зависност од тоа колку ќе има заинтересирани можно е да се работи и четврта техника – цртеж со пастел и дрвени бојци, вели Бојаров.
Работилницата за уметничко цртање ќе се одржува за време на трите дена на саемот и тоа во петок во периодот од 18 до 20 часот, а во сабота и недела во термините од 14 до 16 часот.
Материјалите се обезбедени од организаторот на Саемот, а сите изработки децата ќе можат да си ги земат со себе.
Инаку, годинава покрај за уметничко цртање, новитет на саемот е и креативната работилници во соработка со Занаетчиската комора на град Скопје на која децата ќе имаат можност да научат повеќе и за традиционалните македонски занаети .
Ново на Сител
-

„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
