Работилница за лица со посебни потреби
Како да се препознае дали некое дете има проблем со развојот, кога треба да се интервенира и како е да се живее со попреченост, се само некои од прашањата на кои треба да одговори денешната работилница „Очи за еднаквост” што ја организира Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
На работилницата ќе стане збор и за сексуалното и репродуктивното здравје на лицата со попреченост, како и за нивните права и услуги.
Целта на настанот е размена на искуства меѓу лицата и родителите на деца со посебни потреби и мотивирање за активно учество во општествениот и културниот живот.
Работилницата се организира во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите”, поддржан од Британската амбасада во Македонија.
Гости на настанот ќе бидат танчерите од танцовото студио за лица со посебни потреби „Ларондина“ од Велика Британија.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот