Работилница за координација на надлежните за отстранување на линданот од ОХИС
Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест Македонско еколошко друштво во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за POPs организира работилница за координација меѓу надлежните институции во однос на процесот за отстранување на малата депонија со линдан во кругот на фабриката Охис во Скопје.
Работилница што ќе се одржи денеска во Скопје е организирана во рамки на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“. Проектот е координиран од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на МЖСПП, финансиран е од Глобалниот еколошки фонд (GEF), а имплементацијата е преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization).
Главната цел на овој долгогодишен проект, е во следниот период да се спроведе отстранување на депонираниот линдан од една од двете постоечки депонии кои се наѓаат во фабриката ОХИС.
Македонското еколошко друштво е носител на активностите за подигнување на јавната свест, во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Остранувањето на линданот се очекува да отпочне до крај на годинава.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден