Работа за граѓаните на земјите од Отворен Балкан без визи и работни дозволи
– Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, благодарение на поврзувањето на националните електронски системи на овие земји во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по првпат ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на трудот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-Управа Михаило Јовановиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ за денешното издание на весникот „Вечерње новости“ објасни дека граѓаните ќе имаат можност да се вработат во една од тие три земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.
Тој додаде дека денеска сите информации за јавната администрација во Србија се достапни онлајн и за граѓаните се на услуга седум дена во неделата, 24 часа дневно.
Зборувајќи за пазарот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во Србија, Јовановиќ рече дека во моментов на тоа поле се вработени 92.000 луѓе, но дека пазарот се уште е „гладен“, односно да постои „огромен дефицит во тој сектор“.
-Очекуваме дека извозот на ИКТ секторот годинава ќе надмине 2,5 милијарди евра и е поголем од извозот на земјоделството, рече Јовановиќ.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници