Работа од дома: Предност или ноќен кошмар
Флексибилното работно време често знае да се претвори во вистински ноќен кошмар за работниците, затоа што тогаш се 24 часа достапни.
Многу вработени посакуваат да работат од дома вмрежени во компјутерскиот систем на фирмата, но постојат два проблеми, многу малку фирми нудат таква работна можност, а оние кои тоа и го нудат настојуваат максимално да ги искористат работниците.
Во денешно време кога електронската пошта е достапна и преку мобилните телефони, дури и кога сте на одмор сигурно сте се фатиле себе си како ја проверувате службената пошта.
Истражувањата покажуваат дека голем број на вработените ја посакуваат можноста да работат од дома, но само 11 отсто од претпријатијата даваат вакви можности.
Ваквиот вид на работа особено е добар за мајките со мали деца.
Сепак, работа од дома најчесто подразбира прекувремена работа за да се исполнат сите барања на работодавачот.
После осум часа работен ден, некои работодавачи очекуваат работникот секогаш да им стои на располагање, да е „вклучен“ во мрежата и работните процеси, резултатите од истражувањата спроведени се во Германија.
Некои експерти од областа на работничките права се залагаат во договорот и законот да содржи клаузула за правото на недостапност, односно право на работникот да биде ослободен од работа после завршување на работниот ден.
Ново на Сител
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок