Путин в понеделник доаѓа во Анкара на нова средба со Ердоган
Рускиот претседател Владимир Путин в понеделник ќе допатува во главниот град на Турција, Анкара на средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган, јавија денеска турските медиуми.
Главна тема на средбата меѓу двајцата претседатели ќе биде новонастанатата ситуација по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, што предизвика незадоволство и протести во арапските и муслиманските држави.
Според најавите, на средбата Ердоган и Путин ќе разменат мислења и за ситуацијата во Сирија, како и за билатералните односи меѓу Турција и Русија.
Како што јави МИА, Путин ја посети Анкара на 28 септември оваа година, по што двајцата лидери повторно имаа средба и на 22 ноември во рускиот град Сочи.
Ново на Сител
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот - Мадридистот Жозе Мурињо
-

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-

Истрага против двајца браќа, пробале да убијат човек поради недоразбирање во сообраќај во Шишево
-

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран
-

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан
-

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин
-

Предупредување од ЕК: Спорниот туристички проект може да го загрози патот на Албанија кон членство
