Путин в четврток во Белград-Невидени мерки на безбедност, повеќе договори, разговори за Косово
Во Белград в четврток пристигнува рускиот претседател Владимир Путин, кој со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја оствари 14-та средба, од кои во Белград ова ќе биде нивна втора меѓусебна средба.
Белград се подготвува за оваа, како што е најавена „историска посета“, со досега невидени мерки на безбедност, со околу 7000 припадници на сите безбедоносни служби и околу 250 руски специјалци и три српски мига кои ќе се грижат за нивната безбедност.
На граѓаните на Нов Белград им е препорачано да не излегуваат на терасите на нивните домови, да ги тргнат автомобилите, ќе биде изменет режимот на сообраќајот во одредени делови на Белград. Секое вид движење по трасата по која ќе се движи Путин и која се уште е државна тајна, ќе биде забранет како и објектите кои тој ќе ги посети, заварени се шахтите, а ќе бидат распоредени и повеќе снајперисти.
Рускиот претседател ќе се вози низ белградските улици со својот „бункер на тркала“-аурус, еден од најзаштитените и најбезбедни автомобили во светот, специјално допремен од Москва за оваа посета.
Руските разузнавачи се веќе во Белград, со технологија за спречување на напади со дрон, а најголемото обезбедување ќе биде кај храмот Св.Сава, каде се очекува обраќање на рускиот претсетел, каде покрај српскиот патријарх Иринеј, највено е и присуството на десетици илјади граѓани и подржувачи на Путиновата политика.
Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, со Русија ќе бидат потпишани 21 договор, вредни повеќе стотици милион евра, на полето на инфраструктурата, железниците, земјоделието, иновациите, образованието, дигитализацијата, реновирањето на хидроелектраната „Ѓердап 2“ и др.
Во поглед на енергетиката се очекува да стане збор за приклучување на Србија на гасоводот Турски тек, а во поглед на воената соработка испораката на тенковите Т-72 и против-воздушните системи.
Централна тема на средбата секако ќе биде Косово и поддршка што и ја дава Русија на Србија, можното вклучување на Русија во косовскиот дијалог и воено-политичката неутралност на Србија, во поглед на НАТО.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o