Путин утре ќе положи заклетва за четврти претседателски мандат

По 18 години на власт, Владимир Путин утре ќе положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години.
Путин, поранешен агент на КГБ, дојде на власт во 2000 година, заменувајќи го Борис Елцин на функцијата претседател на Русија, која тогаш беше нестабилна и економски слаба држава. Голем број од сонародниците го фалат Путин поради тоа што благодарејќи на приходите од нафтата, на земјата и донел стабилност и напредок, а други пак го критикуваат поради ограничувањето на човековите права и медиумски слободи.
Во 2014 година влезе во конфликт со западните земји, откако кон Русија го припои украинскиот полуостров Крим, со помош на интервенција на руски специјалци и референдум на кој жителите на Крим се изјаснија дека сакаат да бидат дел од Русија. Украина и Западот референдумот го прогласија за противзаконски.
Медиумите наведуваат дека таа операција го зголеми неговиот углед на домашен план, но ја поттикна наголемата криза меѓу Русија и западот од крајот на Студената војна. Западните земји ја обвинуваат Москва дека воено го поддржува сепаратистичкиот бунт на истокот на Украина, што Кремљ негира.
По повод утрешната инаугурација, во Русија, на повик на опозицискиот лидер Алексеј Навални се одржаа серија протести. Навални организираше протести во 90-ина руски градови, при што околу 1.600 негови приврзаници беа уапсени поради протестирање без дозвола. И Навални беше вчера приведен, но денеска е ослободен.
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
