Путин: Русија разработува нови оружја
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија работи на разработката на нови оружја за да ја гарантира стратегиската избалансираност, пренесуваат американските медиуми.
На советување со воените лидери и производители на оружје во Сочи Путин кажа дека Русија, како и другите земји, работи на новите технологии во вооружувањето.
- Се разработуваат ласерски, звучни и роботизирани оружја, додаде претседателот, кој не даде детали за конкретните програми.
Руските воени лидери изјавуваат дека земјата работи на разработката на новите боеви глави за балистичките ракети, што ќе бидат во состојба да извршуваат брзи маневри за да ја избегнат непријателската одбрана. Се разработуваат и ласерски оружја, што можат да бидат распоредени на авиони и хеликоптери, потсетуваат американските медиуми.
Кремљ ја продолжува програмата за модернизирање на вооружените сили и покрај рецесијата, во која се наоѓа руската економија.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба