Путин: Русија не бара судир со никого
Русија не бара судир со никого, изјави рускиот претседател Владимир Путин во своето редовно годишно обраќање од Кремљ до Парламентот и нацијата.
- За разлика од некои странски колеги кои Русија ја сметаат за непријател, ние не бараме, и никогаш не сме барале, непријатели. Нам ни требаат пријатели. Ние, меѓутоа, нема да дозволиме да им се наштети на нашите интереси, рече рускиот претседател.
Тој додаде дека Русија е подготвена да соработува со новата американска администрација во борбата против тероризмот.
Путин претходно изјавио дека се надева на подобри односи со САД кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста.
Тој ја пофали храброста на рускиот воен персонал кој се бори против бунтовничките групи во Сирија, во поддршката на претседателот Башар ал-Асад, предизвикувајќи аплауз во салата на Кремљ.
- Секако дека сметаме на заедничките напори со САД во борбата против реалната - а не измислената - закана, а тоа е меѓународниот тероризам, рече тој.
Американските и европските политичари жестоко ја критикуваат Русија за нејзината кампања на бомбардирање во Сирија, посебно во Алепо. Тие тврдат дека Русија треба да посилно да ја напаѓа Исламска држава место да ги поддржува силите на претседателот Башар ал-Асад, обвинувајќи го за тешки кршења на човековите права, пренесува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче