Путин: Примерот на нашите татковци и дедовци не поттикнува да ги пресретнуваме современите предизвици
Успехот на целата наша земја зависи од ефикасната работа на секој граѓанин, а славната историја на нашите татковци и дедовци им помага на Русите достојно да ги пресретнуваат современите предизвици, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во своето новогодишно обраќање, што беше емитувано на полноќ по локално време на рускиот Далечен исток, каде први во Русија ја пречека Новата 2016 година, пренесе ТАСС.
-Потребни ни се таквите квалитети, како волја, решителност и цврстина на карактерот, рече Путин. Тој подвлече дека сите Руси „се обединети во заедничките цели: стремежот на татковината да и се донесе корист и одговорност за нејзината судбина“.
Путин потсети дека во текот на оваа година Русија ја одбележа 70-годишнината од својата голема победа во Втората светска војна.
-Нашата историја, искуството на нашите татковци и дедовци, нивното единство во тешките времиња и силата на нивниот дух се голем пример за нас, посочи тој.
Путин особено ја одбележа улогата на руските војници кои се борат со тероризмот и ги поздрави за тоа што „ги чуваат руските национални интереси далеку од татковината“.
-Благодарни сме им на сите кои ден и ноќ, во делник и празник, секогаш се на својата должност, подвлече рускиот претседател во своето новогодишно обраќање.
Ново на Сител
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов