Путин потпиша закон за затворски казни за секој што ја загрозува безбедноста на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат тешки затворски казни за секој што ќе повика на акција против руската безбедност. Според новите одредби објавени денеска, јавните повици на поединци да дејствуваат против безбедноста на земјата сега ќе се казнуваат со затвор од две до четири години. Казната може да се зголеми на пет години доколку повикот е упатен преку медиумите и на седум години ако е организирана група.
Рускиот претседател потпиша и текст за заострување на ограничувањата за поединци и организации означени како „странски агенции“, што се користи за да се потиснат критиките насочени против Кремљ. Друга мерка предвидува казна затвор до 20 години за секој руски државјанин кој учествува во конфликт во странска земја што е против руските интереси. Путин потпиша и текст за парична казна, но и затворска казна до седум години за секој кој е запознаен со државните тајни и ја напушта земјата без претходно одобрение. Овие документи се дел од групата закони кои Парламентот ги прифати во последните недели, а за да стапат на сила потребен им е само потписот на претседателот.
Ново на Сител
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина
-
За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина
-
Трибина за Оперативниот план 2025: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат
-
Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28
-
Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради ревијална трка