Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура

Руската влада треба да преземе дополнителни мерки за ублажување на последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура на Русија – изјави претседателот Владимир Путин.
Обраќајќи се на владина седница, Путин oceni дека Украина напаѓа цивилни објекти бидејќи губи територија на фронтот и додаде дека целта на нападите е нарушување на енергетското снабдување и на туристичката сезона во Русија.
Претходно денеска Путин изјави дека Украина напаѓа цивилни цели на руска територија во обид да го дестабилизира руското општество.
Од почетокот на годинава украинските напади врз нафтените рафинерии се удвоиле, што во некои руски региони доведе до долги редици на бензинските пумпи и до повисоки цени на горивата.
Киев, од своја страна, тврди дека целта на овие напади е да се ослабне еден од клучните извори за финансирање на руските воени операции и да им се покаже на руските граѓани дека конфликтот повеќе не се одвива далеку од нив.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
