Путин оствари средба со Курц
Рускиот претседател разговарал синоќа со австрискиот канцелар Себастијан Курц во автомобилот со кој патувал до аеродромот во Грац.
Портпаролот на австриската Влада, Петер Ланског Тифентал, посочи дека Путин и Курц зборувале за билатералните прашања, актуелната политичка ситуација и кризните прашања за Украина, Сирија, енергетската политија и односите на Европската унија и Русија.
Пред разговорот со Путин, Курц се консултирал со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Рускиот претседател престојуваше во Австрија како гостин на свадбата на министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсел.
Путин од Австрија замина во Берлин каде оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор