-->
-->
Путин: Останува терористичката закана за Русија
-->
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека за Русија останува заканата од тероризам, јави ТАСС.
Во одговор на прашањето дали има веројатност од одмазда на џихадистичката група Исламска држава, чиј потенцијал сериозно е ослабен од дејствијата на руската авијација во Сирија, Путин призна дека „таква опасност секогаш постои, ако не се обрнува доволно внимание на борбата против тероризмот“.
- Гледаме, дека од таа опасност (тероризмот) страдаат многу земји во светот - на Блискиот Исток и во Азија, САД, европските земји, вели рускиот лидер и додаде дека тоа важи и за Русија, која многу добро знае што е тероризам и која понела загуби во борбата против тероризмот. Заканата продолжува да постои, констатира тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства