Путин: Операцијата на Русија во Украина е успешна
– Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва.
– Операцијата се одвива успешно и во строга согласност со плановите, истакна Путин за време на владин состанок.
Тој додаде дека Русија нема друг избор освен да испрати војници, „нема да дозволиме Украина да служи како отскочна даска за агресивни дејствија против Русија“.
– Ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија, нагласи тој на 21-от ден од руската инвазија врз Украина.
Путин, исто така, тврдеше дека држењето на Русија под контрола е долгорочна политика на Западот и дека економските санкции против неговата држава се „кусогледи“.
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
