Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не ја исклучува можноста за зближување со европските нации, пренесе ДПА.
Говорејќи на денешниот состанок на Советот за безбедност на Русија Путин рече: „Никогаш не сме го одбиле развојот на овие односи, ниту обновата на овие односи“, се наведува во транскриптот објавен од Кремљ.
Тој постојано го наведуваше соборувањето на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович по масовните протести во 2014 година како причина за раздорот. Путин зборуваше за државен удар поддржан од САД и неколку европски држави, што го означи почетокот на „синџирот трагични настани кои сè уште се одвиваат во Украина денеска“.
Во 2014 година, Путин одговори на вакуумот во власта во Киев со анексија на украинскиот полуостров Крим и почеток на прикриена воена операција во источна Украина. Во 2022 година, тој нареди инвазија на соседната земја. Четири години подоцна, војната се уште трае. Сепак, Москва останува на своите воени цели и досега го одбиваше секое европско учество во евентуално мировно решение.
Путин рече дека Советот за безбедност треба да се позанимава со состојбата на односите со европските држави, особено со Европската Унија.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров даде оценка за овие односи на состанокот, иако неговите забелешки не беа цитирани од Кремљ.
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
