Путин на Виткоф и Кушнер им рекол дека не се откажува од украинските региони

Русија соопшти дека денеска ќе одржи безбедносни преговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по доцниот ноќен состанок на претседателот Владимир Путин со американските дипломати дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања.
Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека состанокот, кој почна малку пред полноќ и траел речиси четири часа, бил корисен и исклучително искрен.
Тој кажа дека рускиот адмирал Игор Костјуков ќе ја предводи руската делегација на состанокот во Абу Даби, а пратеникот за економска соработка Кирил Дмитриев ќе одржи одделен состанок за економски прашања со Стив Виткоф, пратеникот на претседателот Доналд Трамп.
На состанокот сепак не е постигнат голем исчекор, пренесуваат светските медиуми.
– Најважно е што за време на овој состанок меѓу нашиот претседател и Американците повторно беше утврдено дека без решавање на територијалното прашање според формулата договорена во Анкориџ, нема надеж за остварување на долгорочен договор, рече Ушаков, мислејќи на минатогодишниот самит на Трамп и Путин на Алјаска, на кој наводно се разговарало за предавање на источните украински региони Доњецк и Луганск, вклучувајќи ги и подрачјата кои руските сили не ги зазедоа.
Путин нагласил дека Русија е „искрено заинтересирана“ за дипломатско решение, рече Ушаков.
– Додека тоа не се постигне, Русија ќе продолжи континуирано да вложува напори во остварувањето на целите на специјалната воена операција. Тоа особено се однесува на боиштето, каде руските воени сили имаат стратешка предност, истакна советникот.
Двете страни разговарале и за предлозите на Трамп за Гренланд и за Одборот за мир, рече Ушаков, додавајќи дека Русија е подготвена на одборот на Трамп да му донира милијарда долари од замрзнатите руски средства во САД.
Советникот на Путин кажа и дека американските претставници со руската страна ги споделиле своите впечатоци од состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Давос, на кој учествувале и Виткоф и Кушнер.
Од руска страна на состанокот учествуваа Путин, Ушаков и Дмитриев.
Од американска страна беа Виткоф, Џаред Кушнер и Џош Груенбаум, кој претседателот Доналд Трамп неодамна го именуваше за висок советник на Одборот за мир.
Ново на Сител
-

Одбележан денот на Алцхајмеровата болест
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
