Путин: Мигрантската криза во Европа беше очекувана

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека кризата со мигрантите во Европа била целосно очекувана, пренесува Тасс.
- Сметам дека тоа е една целосно очекувана криза. Ние во Русија, вклучувајќи ме и мене, рековме дека ќе има големи проблеми доколку нашите таканаречени западни партнери водат толку погрешна политика, особено надворешна политика, во регионите на муслиманскиот свет, во регионите на Блискиот Исток и Северна Африка. Тие продолжуваат да водат таква политика, изјави Путин пред новинарите во Владивосток.
- За каква политика станува збор? Станува збор за наметнување на сопствените страндарди, без да се земат предвид историските, религиозните, националните, културните особености во тие региони. Тоа е пред се политика на нашите американски партнери, оцени рускиот претседател.
Путин изјави дека е изненаден од тоа што американските медиуми ја критикуваат Европа за лош однос кон мигрантите, додека САД се оние кои го предизвикаа тој проблем.
- Јас со чудење гледам како некои американски средства за масовно информирање ја критикуваат Европа за прекумерната, според нив, жестина кон емигрантите, рече Путин. Тој потенцира дека САД не се толку погодени од миграциониот поток, додека Европа „слепо ги следи американските упатства“, и поради тоа многу повеќе страда.
Ново на Сител
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
-

Трамп во пресрет на сoстанокот на Флорида: Зеленски нема ништо додека јас тоа не го одобрам
-

Пожарникари го извлекоа телото на кавадарчанец кој загинал по пад од карпа при лов
-

Земјотрес со интензитет од три степени во Охрид
-

Што донесоа договорите за слободна трговија на ЕУ на божиќните трпези на Европејците
